Институциите не функционираат во откривање и санкционирање на криминалот, но затоа пораснале граѓанските кривични пријави заради оваа нефункционалност, која ОЈО и СЈО селективно ја процесуираат понатаму, е главниот заклучок базиран на статистички податоци од надлежните државни институции во новиот Предлог-закон за јавно обвинителство кое ВМРО-ДПМНЕ му го престави на в.д. помошникот заменик-државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер.

Во истиот извештај, базиран на официјални податоци, забележан е пораст на кривични пријави од граѓани во периодот од 2015 до 2017 година, намалување на кривични пријави од МВР, УЈП, Царина, селективност во гонење по службена должност од ОЈО, целосна селективност во работата на СЈО, како и целосна диспропорција во финансирањето на ОЈО и СЈО. И покрај ваквата селективност, главното прашање е зошто ОЈО и СЈО ги добиваат предметите во судовите, стои во Предлог-законот за ЈО на ВМРО-ДПМНЕ.

Голем е бројот на отфрлени кривични пријави или 6.003 лица или 36% од кривичните пријави се отфрлени врз основа на член 288 од ЗКП (поради тоа што пријавеното дело не е кривично дело што се гони по службена должност, настапила застареност на делото или делото е опфатено со акт на амнестија или помилување). Против 1.579 лица или 9,5% кривични пријави се отфрлени врз основа на член 43 и член 44 од ЗКП. Против 4.028 лица или 24,1% се поднесени се обвинителни предлози; Против 3.232 лица или 19,4%е поднесени се предлог за казнен налог. Против 1.121 лица или 6,7% донесени се наредби за спроведување на истрага. Против 625 лица или 3,7% пријавите се решени на друг начин. Предлог-спогодба во скратена постапка поднесена е против 137 лица или 0,8 %.

Што покажуваат овие податоци?

Огромен број на отфрлени кривични пријави дури 45,5%, од кои 36% не претставувале кривично дело или настапила застареноста на кривичното гонење; Огромен број на нерешени пријави дури 43,7%. Тоа се поразителни резултати,  стои во анализата на ВМРО-ДПННЕ во предлог законот за јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ анализира дека загрижувачки се податоците за одделот за организиран кримина и корупција:

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција од 628 во 2015 година на 408 пријавени лица во 2017 година или намалување за 35,30%. Ова се загрижувачки податоци, имајќи предвид состојбата на растечкиот криминал во државата, особено на тешкиот организиран криминал и корупцијата. Во однос на бројот на поднесени кривични пријави по подносители, исто така, забележлив тренд во 2017 година во однос на 2015 година е намалување на бројот на поднесени кривични пријави (што кореспондира со намалениот број на кривични пријави наведено погоре) по подносители, најмногу од МВР и тоа за 13,9% помалку поднесени кривични пријави во 2017 година во однос на 2015 година, а овој орган согласно функцијата која ја има во поглед на превенција и разоткривање на криминалот, учествува со 70,3% во вкупниот број на поднесени кривични пријави до основните јавни обвинителства во 2017 година. Намалување има и кај други државни органи (инспекции, царинска управа, УЈП и сл), така што овие органи во 2017 година поднеле 9,8% кривични пријави помалку во однос на 2015 година.

Освен што не поднесува кривични за организиран криминал, ОЈО не ги решава ниту поднесените кривични пријави, стои во анализата на новиот предлог закон за ЈО, каде се нотира и дека е зголемен бројот на кривични дела против службена должност.

ОЈО по бројот на решени кривични пријави, односно дури 43,7% нерешени кривични пријави во 2017 година од една страна и порастот на бројот на кривични пријави по кривични дела против службената должност за 59% во 2017 година во однос на 2015 година и бројот на поднесени кривични пријави по сопствена иницијатива на ОЈО.

Намалувањето на бројот на кривични пријави не се должи на намалениот криминал во државата, туку напротив, тоа се должи на политизираната селективна правда во пријавувањето на сторителите на кривичните дела. Во 2017 година со промена на власта, се изврши масовна промена на способни и стручни кадри од политички причини во МВР и во многу други органи на кривичното гонење, а пред се на Инспекциските органи на централно и локално ниво, на Царинската управа, Управата за јавни приходи и други органи. Намалениот обем на поднесени кривични пријави се должи на намалената активност на органите на откривањето и пријавувањето на кривичните дела, со основен белег да се пријавуваат раководни и други службени лица од политички, а не од правни причини, од реваншистички политички позиции спрема носителите на власта од предходната власт. Јавниот обвинител на Република Македонија во Извештајот за работа за 2017 година тоа го потврдува и самиот наведува дека намалувањето на бројот на новопримени кривични пријави во основа се должи на неповолната општествена состојба во која се наоѓаше Република Македонија во изминатите години и често менување на раководните кадри на работни позиции во Министерството за внатрешни работи, стои во новиот предлог закон за Јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ.

Против 4.028 лица или 24,1% се поднесени се обвинителни предлози; Против 3.232 лица или 19,4%е поднесени се предлог за казнен налог. Против 1.121 лица или 6,7% донесени се наредби за спроведување на истрага. Против 625 лица или 3,7% пријавите се решени на друг начин. Предлог спогодба во скратена постапка поднесена е против 137 лица или 0,8 %.

Запрепастувачки податоци – Јавните обвинителства во работа во 2017 година имале и кривични пријави против 117.139 непознати сторители на кривични дела кои останале неоткриени од претходните години, така што вкупно во работа имале кривични пријави против 127.416 непознати сторители на кривични дела. Во ова година, јавните обвинители донеле решение за отфрлање на кривичната пријава поради застареност на кривичното гонење дури против 17.720 непознати сторители на кривични дела. Ова се запрепастувачки податоци што се однесува на (не)ефикасноста на полицијата во откривањето на сторителите на делата, стои во предлог законот.

Кадровска екипираност на јавни обвинители во 2017 година функцијата јавен обвинител ја извршувале 197 јавни обвинители или 28% помалку од предвидените 251 јавен обвинител. Стручни и административни работници 365 лица од предвидените 1.126. Во јавните обвинителства од предвидените 1.126 стручни и административни работници, вработени се 365 лица. Тоа значи дека не се вработени ниту половината од предвидениот број. Помалку се вработени дури 761 стручен и административен службеник. Ваквата состојба со кадровите го доведува јавното обвинителство на работ на минималните потреби за извршување на работите.

Неспоредливи се податоците за финансирање на Специјалното јавно обвинителство со финансирањето на другите Јавни обвинителства на Македонија. СЈО со 12 обвинители и околу 130 вработени во стручната служба има финансиски средства од околу 4 милиони евра годишно во 2017 и 2018 година, а сите 26 јавни обвинителства со 197 јавни овинители и 365 вработени имале буџет од 9 до 10 милиони евра. Тоа е недопуштено лошо финансирање на работата на јавите обвинителства, кое има директен одраз на вршењето на функциите и држење во подредена положба, пишува во предлог законот за Јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ.


Извор: Вечер.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.