Основното јавно обвинителство нареди вакцините со погрешни декларации да не се уништуваат и да се чуваат во просториите на „Македонијалек“.

Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонијалек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба – велат од Обвинителството.

Министерството за здравство и понатаму тврди дека вакцините кои се појавија со изминат рок на траење, биле исправни. Настојуваат дека погрешните декларации биле само печатна грешка, а квалитетот на вакцините не е спорен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.