Шефицата на Јавното Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, заедно со нејзините колеги кои го застапуваат обвинението во случајот „Таргет-Тврдина“, Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ја повлекоа жалбата по одредениот куќен притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков со која бараа да му се одреди затворски притвор.

Според решението што му беше врачено попладнево, Мијалков ќе биде во домашен притвор, наместо во затворски.

Рускоска и Мијалков во моментот се наоѓаат во зградата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а се очекува во текот на вечерта пред медиумите да излезе и Рускоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.