Обвинителството на денешната прес-конференција, оддржана по приведувањето на Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милески, или Зоки Кичеец, како што јавноста го знае, упати апел сите оние кои биле изложени на рекет од страна на овие лица истиот да го пријават.

Според она што е досега познато, приведените во периодот од април 2018 до април 2019 година барале рекет од бизнисмен против кого се водела постапка. Притоа користеле име на извесен јавен обвинител, но името идентитетот на истиот обвинителството не го откри. Двајцата осомничени од бизнисменот барале 8 милиони евра. Добиле 1,5 милиони евра во неколку наврати. За да продолжат да му помагаат било договорено да примат уште 5 милиони евра како награда. Доколку постапката која се води против бизнисменот не се запре, тогаш во насока на изнаоѓање олеснителни околности, сведокот требало да исплати 5 милиони евра, со тоа што веќе дадените еден милион евра, во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4 милиони евра било договорено да се исплаќаат на рати. Откако осомничените се посомневале во доверливоста на средбите и можноста за откривање на кривично правниот настан, повеќе не остварувале средби со сведокот во таа насока.

По ова обвинителството ги охрабрува сите оние кои биле изложени на ваков притисок да пријават.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.