Обвинителот Бурим Рустеми, засапник на обвинението  во случајот „Топлик“ бара да не бидат прифатени ниту еден сведок или вештачење на одбраната.

Тој на денешното рочиште од судот побара на одбраната да не и биде прифатено речиси ништо и тие да останат без секакви докази.

Конкретно, тој одбива да бидат прифатени четири вештачења и околу 20 сведоци, од кои неколкумина се клучни за случајот.

Поранешниот обвинител на СЈО смета дека не треба да има економско вештачење иако основа на предметот е економска штета.

Нејасно е и дали е прифатено вештачењето на спорниот вештак Владимир Тунџев.

На следното рочиште на 8 октомври судот треба да одлучи дали и што ќе прифати.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.