бвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од СЈО, денеска треба да се појави во Основниот кривичен суд како сведок за случајот „Рекет“.

Рустеми е обвинителот кој ја водеше истрагата за предметот „Поштенска банка“, а којшто предмет беше споменуван во случајот кој се води против поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, и Бојан Јовановски – Боки 13.

Тој ќе биде третиот обвинител од тимот на Јанева кој ќе биде повикан како сведок. Досега сведочеа Елизабета Јосифоска, која ѝ беше заменичка на специјалната обвинителка, и Лиле Стефанова.

Стефанова сведочеше вчера и во нејзиниот исказ го спомена токму Рустеми и случајот „Поштенска банка“ кога зборуваше за колегиум во СЈО одржан на 16 април 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.