Листата на докази која ја поднесовме во случајот „Рашковски“ е огромна вели обвинителката Ивана Трајчева. Таа објаснува дека станува збор за докази со кои ќе се докаже обвинението против него.

Не е суштината во бројката на докази или сведоци туку суштината е дали тоа што ќе биде слушнато ќе биде доволно судот да се увери во тоа што го тврди Обвинителството – нагласува Трајчева.

Таа вели дека не станува збор за незаконско прибирање на докази на што се жали Рашковски.

Постапувањето на обвинителството по овој предмет по ништо не се разликува по постапувањето по други предмети за кои веќе има правосилни судски одлуки како „Рекет“ и „27 април“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.