Обвинителката Лиле Стефанова денеска ќе сведочи на судското рочиште во процесот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, како и Зоран Милевски Кичеец, кој на почетокот на судењето призна вина и доби тригодишна затворска казна.

Стефанова во август речиси пет часа беше на распит во обвинителството на Вилма Рускоска и рече дека кажала сè што знаела за поврзаноста на предметите „Империја“ и „Рекет“.

Таа беше спомната во снимените разговори и видеата што ги објави италијанскиот весник „Ла верита”, а во кои Јанева, вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, како обвинител во „Империја”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.