Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, најави нов скандал поврзан со обвинителите од ОЈО.

Судијата Панчевски најави нов скандал со прислушкување (фото: пронтскрин)

Нов скандал ќе го стресе обвинителството! Обвинителите не само што биле слушани туку било следено и снимано нивното движење со видео надзор, никој нели не го провери ова??? Го прашал ли некој Јовевски за ова???, пишува Панчевски на Твитер.

Снимањето на разговорите од телефоните поставени во новата зградата на обвинителството се одвивало најмалку две години, претходно откри државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Првиот снимен разговор на двата хард диска пронајдени во склоп на телефонската централа е од 30 септември 2016 година и за случајот е отворена предистражна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.