Очигледно во јавноста има одредено чувство кај етничките заедници дека имаме етничка пристрасност, односно наклонетост при носење на судските одлуки во зависност од етничкта припадност на сторителот на дејството, изјави вицепремиерор за евроинтеграции Бујар Османи.

За да ги потврдиме научно или да ги отфрлиме ваквите перцепции во јавноста, Османи најави, дека со ОБСЕ почнале иницијатива за научно потврдување на евентуална етничка пристрасност во судството преку случајно одбирање на предмети од минатото за слични дела кои ги вршеле сторители со различна етничка припадност со цел, како што рече, да видиме дали одлуките на судот имаат пристрасност или тоа е само перцепција.

Прашан во однос на поврзувањето на неговото име со случајот „Монструм“ и дали има некакви сознанија за овој предмет, Османи рече, дека не располага со никакви сознанија и дека очекува да почнат да го поврзуваат и со убиството на Кенеди.

– Тоа прашање и тој предмет веќе е во судски инстанци и очекуваме што побрзо да се разрешат сите дилеми, бидејќи очигледно јавноста е сензитивна на епилогот од тоа прашање. ДУИ од почетокот побара поголема транспарентност на процесот бидејќи очигледно не беше доволно транспарентен штом граѓаните не се убедени во доказите и побаравме поголема вклученост на меѓународните институции за да гарантираат кредибилитет во процесот, изјави Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.