Нови нелегално прислушувани разговори се појавија во јавноста во изминатите 12 часа. На „фејсбук“ се објавени нови шест разговори, од кои пет се на албански јазик, а во описот на секој разговор е наведено дека зборуваат политичари од ДУИ, како Блерим Беџети, Муса Џафери, Бекир Асани.

Една е на македонски јазик и како што е објавено разговараат поранешните високи полициски функционери Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков. Зборуваат за тогашниот заменик министер во МВР,  Блерим Беџети, кој барал да се казнат припадници на Алфите, кои според Мијалков и Јанкулоска, коректно си ја завршиле работата во врска со претрес за нелегален пиштол, кај извесен Шеваљ.

Според напишаното од објавувачот, ова е само почеток и ќе следуваат објави на уште прислушувани разговори, кои тој тврди дека ги добил од лица кои се обвинети за терористичкиот напад на Куманово од пред 4 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.