Во штипските основни и средни училишта ќе се вработат рекордни над сто наставници, но и библиотекари и други технички лица.

Објавени се огласите за вработување на наставници за одделенска настава, но и за речиси сите предмети, по историја, влашки јазик, природни науки, физичко образование и воспитување или вкупно 33 се и во најголемото Општинско основно училиште „Ванчо Прќе“, потоа следи „Димитра Влахов“ со 19 огласи.

Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов вели дека согласностите за вработување од локалната и централната власт се добиени пред да стапи тој на функција. Последните огласи се до денеска.

Со штипските училишта се уште раководат директорите избрани од претходната локална власт на СДСМ. Мандатите им завршуваат на почетокот на 2022 година или на крајот на учебната година.Новата локална власт на последната седница на Советот на Општина Штип ги разреши старите и именува нови членови во Управните одбори на сите училишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.