Министерството за образование и наука денеска ги објави листите на добитници на стипендии за студии од втор циклус и за студии од трет циклус во земјава за академската 2021/2022 година од конкурсите распишани на 30 јули 2021.

Добитниците на стипендија на домашна адреса ќе добијат решение за прифаќање на апликацијата и ќе бидат дополнително контактирани за потпишување на договорите за доделување на стипендијата.

Кандидатите кои не се на списокот на добитници на стипендијата, на домашна адреса ќе добијат решение во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, како и упатство за правно средство против донесеното решение.

Незадоволните кандидати до Министертството може да достават претставка со цел повторно разгледување на нивната пријава.

Како што се наведува во објавата на МОН, поради неисполнување на квотата од број на стипендии предвидени за доделување, останува отворен Конкурсот за стипендии за студии од втор циклус за 2021/2022, а поради исполнување на квотата се затвора Конкурсот за стипендии за студии од трет циклус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.