Порталот Експрес.мк пишува дека на социјалните мрежи кружи видеоснимка направена со телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, најверојатно снимено во просториите на СЈО или за време на некоја посета на обвинителката на некоја институција каде што морала да го остави телефонот пред состанок.

На видеоснимката во која имал увид порталот, но од безбедносни причини не е објавена, се гледа како Јанева во придружба на женско лице доаѓа најверојатно до безбедносниот магацин каде што во СЈО или друга институција поради заштита од прислушување се чуваат телефоните на вработените по што таа го зема телефонот и оди низ канцеларијата. Специјалната обвинителка не е свесна дека земањето на апаратот и одењето е снимено со нејзиниот телефон но во случајот она што е неверојатно е како се случило нејзините приватни или службени видеоснимки да излезат во јавност, пишува Експрес.мк.

За да се почитува правото на Јанева на заштита на приватноста expres.mk нема да го објави видеото, но скандалозното истекување на видео снимка од телефонот на еден од најзаштитените македонски јавни функционери покажува дека безбедносните протоколи на СЈО чија линија и телефонски апарат користи Јанева се пробиени.

Тој што дошол до видео од телефонот на шефот на СЈО веројатно веќе се обидел да дојде и до прислушуваните разговори и други важни документи и податоци од СЈО, констатира порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.