Државниот завод за статистика денеска објави конкурс за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот од 1 до 21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на Пописот 2021.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини.

Пријавувањето се врши преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, а сите детали поврзани со конкурсот и условите се содржани во огласот објавен во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Слободен печат“ и „Коха“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.