Објавен изборниот слоган на ДУИ

Македонија 18.09.2021 / 11:43

Демократската Унија за Интеграција денеска го промовираше слоганот „Избери живот, гласај зелено!“, со кој ќе настапи на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

Портпаролот на партијата, Бујар Османи истакна дека изборната програма на ДУИ е заснована на пет столба со крајна цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Заедно мора да го оствариме зелениот сон. Изборната кампања треба да открие како кандидатите уште повеќе ќе ги развијат нашите општини, како уште повеќе ќе ги вклучат граѓаните и како секој ден ќе го слушаат нивниот глас. Затоа како партија се договоривме со сите кандидати да се придржуваат до зелената агенда за подобрување на квалитетот на животот, рече Османи.

Говорејќи за петте столба, тој укажа дека зелената агенда подразбира инвестирање во ефективно управување со отпадот, завршување на канализационите мрежи и чиста вода за пиење, гасификација, патеки за трчање и возење велосипед, паркинзи, олеснет сообраќај, повеќе зеленило, повеќе паркови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.