Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер на Бојко Борисов лаже кога вели дека во втората светска војна Бугарија не ја окупирала Македонија.
Според Крaсимир Каракачанов кој по професија е историчар “Бугарија не била окупатор на Македонија, туку ослободител“.
Сепак според документ издаден од бугарската влада кој го објавуваат членови на
Еврејската заедница, Бугарија и формално дала наредба за окипација а не за
ослободување на Македонија.
Во документот со кој се даваат инструкции на бугарската армија прецизно е наведена фразата “Окупирање на Македонија”, нешто што сега го негира претседателот на ВМРО-БНД, министер и историчар Каракачанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.