По инцидентот во затворот во Шутка, во кој поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски беа претепани од член на Кумановската група, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отиде во посета во ГОБ „8 Септември“ да го посети Јанакиески, кој е со фрактури на главата и скршеница на раката.

На Мицкоски  не му беше дозволено да влезе во болницата од страна на обезбедувањето. Иако прво му беше кажано да почека, потоа му пристапија униформирани лица кои му наредија да ја напушти болницата. Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инсистираше да го види повредениот Јанакиески.

Обезбедувачите побараа дополнително засилено обезбедување, со цел да го забранат пристапот до Јанакиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.