Обединетото Кралство целосно ја поддржува Македонија, а земјата со спроведувањето на реформите во согласност со вредностите на НАТО и ЕУ целосно го заслужува своето место во евроатлантските демократски сојузи, било истакнато на средбата меѓу бритнаскиот премиер Борис Џонсон и премиерот во заминување Зоран Заев, што се одржа во Лондон на маргините на Самитот на НАТО.

Премиерот во заминување на средбата истакнал дека Македонија нема алтернатива за овие процеси и дека во изминатите две години беше фокусирана на исполнување на сите неопходни услови за да покаже дека е подготвена за полноправно членство во НАТО и ЕУ.

На средбата и двајцата ја истакнаа определбата за долгорочно зајакнување на односите меѓу двете земји како потврда за меѓусебното блиско пријателство и взаемна поддршка, сега и во рамки на сојузништвото во Алијансата.

Тие ја издвоија заедничката посветеност за продлабочување на економските и трговските односи меѓу двете земји, како и на поддршката за развој и унапредување на регионалната соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.