Мисијата на Обединетите нации во Скопје го демантираа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој рече дека нашата земја е ставена во групата држави кои немаат јасни ограничувања во однос на приемот на лица од други земји и дека мерките за превенција од коронавирусот на граничните премини не се доволно рестриктивни.

Неколку часа подоцна Обединетите нации излегоа со демант и им порачаа на политичките партии да не го вклучуваат нивното име во политичките дускусии.

„Организацијата на Обединетите нации нема издадено никаква проценка на владини мерки поврзани со пандемијата предизвикана од новиот корона вирус COVID-19. Ги молиме сите политички партии во Северна Македонија да не го вклучуваат името на Обединетите нации во политичките дискусии”,

пишува во реакцијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.