Обединетите нации ја заменија референцата „Поранешна југословенска република Македонија“, со името „Македонија“ во списокот на признати држави.

Промената во ОН е направена на 14 февруари во вечерните часови. Министерството за надворешни работи истата вечер ги достави вербалните ноти до Обединетите нации (ОН) со кои информира за настанатите промени со името на земјава.

-Република Македонија согласно обврските од Конечната спогодба ги достави трите вербални ноти: Вербална нота од Постојаната мисија до Протоколот на ОН, Вербална нота од Постојаната мисија до земјите членки и земјите набљудувачи на ОН и Вербална нота од Министерството за надворешни работи до сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, со кои се информира за настанатите промени, информира тогаш Министереството за надворешни работи.

Договорот меѓу Атина и Скопје за посредништво со ОН за формално признавање на „Република Македонија” е добредојден, „историски” чекор што треба да го поддржат регионалните и меѓународните земји-членки, објави претходно генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.