Избори мора да има час поскоро, порача предмалку на „Фејсбук“ претседателот на СДСМ Зоран Заев, баш на денот кога во Македонија има 62 новозаболени, а 11 лица починаа како последица од коронавирусот во последните три дена.

Наместо „лајкови“, граѓаните бесно му одговорија „Озбилен ли си?!“.

Ма, какви избори! Вие од една страна викате има пандемија, од друга сакате избори. Народот веќе не знае што е лага а што вистина! Ако има пандемија нема избори!, му порачуваат на Заев.

Избори и само избори и си мисли што поскоро пак премиер да биде. Е тука нема тој да одлучува, кој му го дал тоа право? Ако е преседател на една партија, не може на скоро два милиона Македонци да одлучува како и кога. Човекот си има некоја задача што мора да ја заврши и затоа му гори под нозете, коментира граѓанин.

 

O, Заев, кој ќе гласа за таков криминалец како тебе, да не е твоја Македонија?, се вели во друг коментар.

Граѓаните коментираат дека Заев бара сега избори зошто никој нема да сака да излезе и да гласа.

Ние сега само за изборите твои се секираме, му порача една граѓанка.

 

Бетер сме од Бангладеш, дно дна сме во редионот, срамота, некој мисли за народов?  Три месеци слушам само избори, вирус, избори, се вели во друг коментар.

 

Господине, Велите дека граѓаните не биле доволно казнувани.
Јас како граѓанин да Ви кажам дека ние сме доволно казнети со тоа што за секој проблем во државата плаќаме ние од нашиот џеб, така и во оваа ситуација сите трошоци ги сносивме лично ние, а не добивме никаква помош од владата.
И уште да Ви напоменам дека полицискиот час е укинат поради Вашето настојување по секоја цена да има избори.
Едно да Ви биде јасно, на тие избори кога и да се случат, народот ќе Ве казни!!!, порачува граѓанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.