Формирана е работна група од експерти од Македонија, Албанија и од Грција за намалување на нивото на Преспанското Eзеро, а веќе наредниот понеделник ќе имаат и средба, на која ќе присуствува и градоначалникот на Преспа, најави денеска од Свети Николе министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Тој засега нема конкретни информации, за причините за намалување на нивото на Преспанското Eзеро.

Не би сакал да шпеклирам, штом ќе имам детални информации, тогаш ќе можам да ве известам за тоа кои се причините за намалувањето на нивото на Преспанското Eзеро, вели Нуредини.

Тој потенцира дека на езерата во нашата држава се инсталирани и неколку мерни станици, кои го мерат нивното ниво, а веќе имаат и сугестија да се зголеми бројот на таквите мерни станици како за езерата, така и за изворите за вода за пиење во земјава.

Како земја сме свесни за климатските промени и се разбира дека соодветно ќе мора да реагираме на тоа. Имајќи предвид дека имаме и многу сува зима, немаше никакви врнежи, ниту од дожд, ниту од снег, морам да кажам дека треба да изнајдеме начин да работиме заедно со сите инволвирани институции, а прво со Министерството за земјоделство со цел да направиме планови, како да се помине летото. Затоа што имајќи предвид каква зима имавме нè очекува и сушно лето, вели Нуредини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.