Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска соопшти дека Владата ја усвоила иницијативата на Министерството за престанок на набавки на пластика за еднократна употреба и пластична амбалажа од страна на државните институции која ќе стапи во сила од 1 јануари 2020 година.

Ова значи дека во следната јавна набавка спроведена од страна на Владата пластичните шишиња ќе бидат заменети со стаклени, нема да се набавуваат пластични чаши, сламки, лажичиња и друг пластичен прибор за еднократна употреба и нема да се набавуваат добра како шеќер во пластична амбалажа, туку рефус,

Во однос на тоа дали ќе се применат мерките за аерозагадувањето, Нуредини рече оти се свесни дека е загадено и дека концентрациите се високи, но се додека прагот на загаденост не се помине нема да се преземат мерките што се пропишани согласно закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.