Министерот за животна средина Насер Нуредини рече дека ќе сноси одговорност доколку Антикорупциска утврди дека биле користени службени возила за приватни цели.

Нуредини, одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува одговорност за тоа што Антикорупциска побара одговорност за двајца министри помеѓу кои и тој, истакна дека целосно го почитува и поддржува тоа што институциите во оваа земја го прават, и она што антикорупциската треба да го направи за да го истражи случајот.

Отворено ве поканувам да погледнете во сите трошоци кои што ги имам јас како во институцијата, да видите дали некогаш сум злоупотребил некој фонд, дека ние сме пример дека не сме злоупотребиле државни фондови. Може да погледнете во километрите кои што возилото со кое се возам. Јас живеам во Тетово и возам секој ден до таму, но кога ќе стигнам дома го користам приватното возило, никогаш не сум злоупотребил државни ресурси. Што се однесува до колата која што ја возам, во моментот кога ќе излезам од колата, при што официјалните работни часови не се од 7:30 до 16:30, ние константно работиме, дури и навечер. Како и да е, кога сум во Тетово, во мојот дом, ја користам приватната кола дури и за обврски поврзани со работа како министер, изјави Нуредини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.