ВМРО ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе опфати реконструкција на болниците во Велес, Кичево, Струмица, Струга и Битола. Со тоа ќе овозможиме квалитетни услуги и поголемо достоинство на луѓето со загрозено здравје, најави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конфренција.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција и модернизација на Универзитетска клиника за Хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, односно Градската Болница. Така што Скопје ќе добие современа болница каква што заслужува.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи воспоставување на модерен вистински ургентен траума центар. Поради растот на популацијата во Скопје и драстично зголемениот број на сообраќајни повреди и потребата од брзо, благовремено и адекватно реагирање, предвидуваме нов модерен ургентен траума центар.

Се обврзуваме на обнова со која ќе обезбедиме за 20% повисоки плати во здравството за сите. Мора да имаме задоволни вработени во здравствениот систем кој ќе ја градат иднината тука во државата. Затоа предвидуваме линеарно во еден четиригодишен мандат континуиран раст од вкупно 20% на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал и техничкиот и административниот персонал.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи ревидирање на позитивната листа, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи. Ќе се ревидира листата на лекови, што ќе значи повеќе бесплатни лекарства за оние на кои тие им се најпотребни.

Се обврзуваме на обнова со која ќе воведеме здравство без хартија, укинување на рецептите и услуги само со лична карта. Ова подразбира Целосна дигитализација на рецепти, упати, извештаи и резултати. Дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичниот лекар, до добивање медицински извештаи. Електронски издадената рецепта од лекарот, ќе може да се подигне во било која аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок, изјави денеска Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.