Независниот синдикат на полицијата во писмено соопштение реагира за колективниот договор кој е најавено да се потпише, како што велат на 7 мај и кој според нив претставува тежок срам за полицијата.

Тешките господа МПС – МВР, подготвени се на 7ми мај да потпишат колективен договор за МВР, кој е тежок срам за полицијата и дебакл за Македонија.

ВЕ УВЕРУВАМ ДЕКА НСП ОВА НЕМА ДА ГО ОСТАВИ ТЕК ТАКА!

30.04.2015 година беше потпишан последниот колективен договор и после 6 години пак да се донесе колективен договор на штета и на онака загрозениот полицаец некокого многу ќе го чини.

Јавно Ве повикувам на што поголема масовност на 8ми мај, а зависно од излезноста ќе го договориме и планот за поништување на тоа што ќе го потпишат на 7ми мај.

Правниот адвокатски персонал на Незавсниот Синдикат на Полицијата веќе подготвува иницијатива до уставниот суд и Службен весник која веднаш ќе биде доставена на 10.05.2021 година за поништување на колективниот договор кој сакаат да ни го наметнат и наредните години ќе треба да ги трпиме небулозите и неправдите кои сакаат да ни ги наметнат.

Браќа и сестри, колеги и колешки, на Вас е дали ќе ќутите и трпите или ако ништо друго преку протести и правни дописи ќе ставиме крај на циркузот наметнат од едноумието на мрачното синдикално досегашно молчење, на тие кој и до сега ни го подготвуваа и ова што долг период ни се случува, стои во соопштението на НСП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.