Само една ноќ изминатиот викенд во Охрид, при контрола на инспекцијата и полицијата затекнати се три лица без сертификат за вакцинација и едно лице со лажен сертификат. Тетовската полиција по викенд контролите ќе поднесе пријави за четири лица кои вчера се затекнати во угостителски објекти, а при тоа немале сертификати за вакцинација против Ковид-19.Во Битола Државниот пазарен инспекторат во при контрола затекнала четворица гости без Ковид сертификати во угостителски објекти. Како што соопштува Државниот пазарен инспекторат, изминатите денови во објекти во Скопје и Гостивар затекнале 44 лица без сертификати за вакцинација.
Користењето на лажен сертификат е кривично дело, казниво по чл.378 „фалсификување на исправа“, при што следи парична казна, а може да биде изречен затвор до три години.
-При инспекциските надзори постапувајќи по Законот за заштита на населението од заразни болести затекнати се 5 лица без поседување сертификат за примена вакцина и по истиот закон издадени се 4 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 2000 евра во денарска противвредност и се издадени 2 решенија за привремена забрана за вршење на дејност и затворени се два објекти. Во два објекти констатирани се прекршувања по Законот за пушење и за сторениот прекршок издадени се 4 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 5000 евра во денарска противвредност, соопштува ДПИ.
Во извештајот за периодот од 6-12 декември, инспекцијата во Гостивар затворила три објекти поради непочитување на Ковид мерките донесени од Владата, со тоа што по Закон за заштита на населението од заразни болести, а донесени се решенија за привремена забрана за вршење на дејност.
При контролите во Скопје, инспекторите, постапувајќи по Законот за заштита на населението од заразни болести затекнале вкупно 42 лица без сертификат за примена вакцина и по истиот закон издадени се 10 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 5000 евра во денарска противвредност и издадени се 5 решенија за привремена забрана за вршење на дејност во времетраење од 10 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.