Во кичевскиот суд денеска треба да се одржи ново рочиште во судската постапка против Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека, псевдоним кој го користи на социјалните мрежи при објавување на прислушуваните разговори, објавува „Фокус“

На денешното рочиште ќе следат завршни зборови на обвинителството и одбраната во врска со кривичното дело кое му се става на товар „неовластено прислушување и тонско снимање“. По ова ќе остане кичевскиот суд да ја соопшти пресудата.

Поддржувачите и семејството на Ел Чека денеска повторно ќе излезат на протест пред кичевскиот суд. Тие најавуваат дека ќе протестираат од 12 до 14 часот попладнево, поради, како што велат, најавената казна која ќе му ја додели судот на Ел Чека.

Ел Чека „бомбите“ ги објавува од Чикаго, САД, а тврди дека нелегалните прислушувани материјали му ги дале членови на т.н. Кумановска група, кои се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.