Денеска ќе се одржи ново рочиште за случајот „27 април“. На него треба да сведочат лидерот на Алтернатива Африм Гаши и Сања Угриновска која му беше шеф на кабинет на Трајко Вељаноски додека тој беше претседател на Собранието.

На минатото рочиште сведочеше тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев кој посочи дека Вељаноски, Јанакиески и Ристовски не се главните организатор и мотиватор на собраниските настани од 27 април 2107 година туку дека тоа е Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.