Советот на Општина Дебар на денешната редовна седница, за вршител на должноста градоначалник, со мнозинство гласови го избра Еуген Цами, советник од редовите на Алијасата за Албанците.

Од вкупно петнаесет советници, колку што брои Советот, Цами освои осум гласа и тоа тројцата советници од неговата матична партија, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од Беса и еден советник од ПЕ.

Тој на ова функција ќе биде до изборот на нов градоналаник,за што ќе бидат спроведени избори.

Бидејќи законот предвидува избор на нов градоначалник во рок од шест месец, кај нас од смртта на претходниот, најверојатно новиот градоначалник ќе се избира на денот кога ќе бидат спроведени претседателските избори. Тоа со цел да не се прават дополнителни трошоци- изјави Башким Машкули, претседател на Советот.

Досегашниот градоначалник Ружди Љата, кому тоа му беше втор градоначалнички мандат, по кусо и тешко боледување, почина на 24 ноември, на 65-годишна возраст.

В.д.градоначалникот Цами се заблагодари на довербата и посочи дека ќе работи за доброто на граѓаните и општината.

Цами е пензионер, роден 1940 година во Дебар, а има завршено виша педагошка академија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.