Поранешната директорка на Државниот завод за статистика Благица Новковска, која одби да го потпише пописниот фалсификат спроведуван во 2002 година, смета дека од пописот постојат само статистички термини како финта за да се „продадат“ резултатите и влезат во меѓународните бази, чија цел е македонскиот народ да биде сведен на севрномакедонска етничка група.

Да биде јасно, ова е т.н попис и нема ништо статистичко во него освен користење на статистички термини како финта за да се ,,продадат“ потоа резултатите и влезат во меѓународните бази. По која цена, не знам. Да биде ептем јасно: ова е попис на етничките заедници во нивната земја, вклучувајќи ја и ново создадената етничка заедница – северомакедонци. Затоа е исклучен македонскиот народ, напиша на „Фејсбук“ универзитетскиот професор и експерт за статистика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.