Премиерот Зоран Заев денес треба да ги достави до Собранието предлозите за новите министри.

Тој завчера на прес-конференција рече дека во петок до Парламентот ќе го достави предлогот на реконструираниот кабинет.

Имињата на новите, или изротираните министри, сè уште не се познати.

До официјалното доставување на имињата од страна на премиерот Зоран Заев не можеме да кажеме дали на листата ќе има и заменици-министри, бидејќи премиерот сè уште е во консултации со лидерите на политичките партии кои се дел од владејачкото мнозинство – изјави Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.

Новата влада се очекува да биде изгласана на почеток од следната недела. Според најавите на Заев, тоа најверојатно би било во вторник, иако седница на Собранието е закажана и за понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.