Трендерот за набавка на 45 возила кој го најави вчера Владата ќе биде распишан наредните денови кога ќе се знае и видот на возилата.

Набавката на возилата е за потребите на Владата односно нив ќе ги користат министрите и владините функционери. Дел од возилата ќе се користат и за потребите при престој на странски делегации во земјава – велат од Владата за „Плусинфо“.

Во моментов не се знае колку пари ќе чини оваа набавка, но се знае дека возилата ќе се набават преку оперативен лизинг односно деловен закуп со времетраење од 36 месеци.

Износот на набавката, техничката спецификација на возилата и другите критериуми ќе бидат прецизирани во јавната набавка којашто ќе биде објавена наредните денови – велат од Владата.

Оттаму тврдат дека техничката спецификација претходно ќе биде одобрена од релевантна институција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.