Новиот коалициски партнер на Зоран Заев, Мендух Тачи со години е на црната листа на САД. Тие неодамна ја обзнанија постизборната коалиција во владата која би ја направила СДСМ.

Мендух Тачи од македонските судови е осуден за злоупотреба на службената положба на 3,2 години затвор, но никогаш не замина во затвор. Но, ова не е проблем за Заев бидејќи и самиот е единствениот аболициран политичар.

Црната листа на САД се прави за список со блокирани лица, односно лица чиј имот е блокиран, и ја уредува Федералната канцелариј за контрола на странски средства. Тоа е листа на лица и на фирми на кои им е забрането да влегуваат во САД и им се замрзнуваат сите сметки и целиот имот што го имаат таму. Американските бирократи не ја викаат црна листа, туку го користат називот „специјално определени личности“.

Според администрацијата на САД, лицата или фирмите кои се ставаат на оваа листа се „закана за мирот и стабилноста, односно учествуваат или на различни начини го поддржуваат екстремното насилство“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.