Новиот Клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров. Освен оваа скопска населба, во игра беа и локации во Карпош и во Петровец, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Се бодуваа трите локации – во Карпош, Ѓорче Петров и Петровец. Тим од експерти разработи методологија и според тоа се донесе заклучок дека Ѓорче Петров е идеална локација, прво поради положбата, понатаму дека најбргу можеа да се изготват проектните документи и поради тоа дека најмалку чини, односно целото земјиште е државно, рече Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.