Лидерите на СДСМ и на ДУИ веќе 90 отсто го имаат постигнато договорот за новиот формат на Владата и во наредните денови се очекува да биде соопштен, најави потпретседателот на ДУИ Изет Меџити во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат М.

Според него, тоа треба да биде Влада „Заев2“, која би се концентрирала на економијата и на капиталните инвестиции.

 Ако ме прашувате за имиња, не ги знам, вели Меџити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.