Државниот завод за ревизија има потреба од вработување на нов кадар, бидејќи од предвидените 145 вработени, сега има 90, рече вечерва новиот државен ревизор Максим Ацевски, кој очекува 25-30 враборувања пред извори, за, како што вели, да може да се справат со работата.

Годишната програма требаше да биде до крајот на ноември, но таа се уште не е донесена. Но, верувам дека наредна недела ќе преземеме активни мерки за подготвување на програмата. Сите аспекти ќе ги погледнеме, но ќе ми дозволите да го повикам невладиниот сектор да поднесат предлози за кои сметаат дека треба да бидат предмет на ревизија, ќе ги разгледаме и ако ги исполнуваат критериумите ќе бидат вклучени во годишната програма. Сметам дека има време за вработување пред изборите. Имаме планирано 145 вработени, а во моментов имаме 90 вработени. Пред избори очекувам 25-30 вработувања, за да можеме да се справиме со работата, рече Ацевски во вечерашното гостување на „Топ тема“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.