Пеце Матевски вели дека нема никаков грев во тоа што знае да свири хармоника, откако е поставен за прв човек на РЕК Битола, на позиција која досега ја извршуваше Златко Ќурчиевски. Досегашниот директор на термоелектрани вели дека воопшто не се срами што бил музичар и што бил комерцијалист во друга фирма, бидејќи и во двата случаи лебот чесно си го заработувал.

Да, свирев хармоника во повеќе групи, во „Ивент“, „Чардак“, па „Соната“ и многу други. Но, и дипломирав на машинскиот  факултет во Битола во 2002 година, отсек индустриски менаџмент. По дипломирањето не можев, како и многу други млади, да се вработам, бидејќи моравме да чекаме некој да си ги описмени своите кадри, да завршат тие факултет и да ги вработат. А што требаше јас да правам? Да не свирам? Да не работам ништо? Па, мене ми е гордост што бев комерцијалист во таа фирма. Јас на оваа функција не дојдов со осмо одделение или средно школо, ниту, пак, со купена диплома. Не дипломирав во вечерно училиште или во Бугарија. Најредовно си завршив факултет во Битола, а во 2016 година магистрирав  менаџмент на човечки ресурси. Имав чест да учам од стари искусни професори на Техничкиот факултет во Битола. Тоа може да се провери. Туку ако нема како да го оцрниме човекот, ќе го оцрниме вака. Но, нема да ме оцрнат, јас сум горд што знам да свирам музички инструмент, што свирам хармоника. Јас можам да се занимавам со било што, ај тие нека земат нека свират, вели тој за ММС.

Матевски додава дека над 20 години се занимава со свирењето и дека неговото семејство традиционално има афинитети кон музиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.