Ако маската е задолжителна за нас граѓаните истото важи и за полицајците, нели? Да си ги приберите тие кои што можат да го нарушат угледот на професионалните полицајци, порача новинарот Сунаи Сабриоски на „Фејсбук“ обраќајќи се д Министерството за внатрешни работи.

Ако тие кои што треба да ме казнат не се доследни чуму потребата да очекувате од граѓаните да бидат доследни, само ќе го зголемат револтот. Не зборувам на памет, ги забележав денес како во службено возило еден од нив не ја носи маската и тоа во три различни локации истата ситуација. Не продавајте демагогија за свеста на граѓаните. Не смеете да дозволите да се демонстрира моќ а да барате одговорност кај граѓаните. Револтиран би бил секој еден совесен граѓанин кога ќе види дека тие кои што треба да спроведуваат и казнуваат покажуваат неодговорност. Можеби ќе треба од утре секој еден таков да ви го сликаме па да биде веродостојно. Ако балот почнува од МВР очекувајте маскенбал!, порача Сабриоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.