Јас ви благодарам на присуството, сега говорам за претставниците на медиумите, на новинарите. Овде го затвораме отворениот дел на денешнава дискусија и координативна седница. Ќе дадеме кратка пауза, а потоа ќе почне работниот дел којшто ќе биде затворен за јавност, ви благодарам уште еднаш, вака министерот за транспарентност, Роберт Поповски ги испрати новинарите од конститутивниот состанок на Акциската група за координација на државните институциите за борба против дезинформации и напади на демократијата.
Медиумите имаа можност само да го пренесат обраќањето на претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собрание Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.
Функционерите додека говореа за борба против ширење на лажни вести и манипулација на јавноста, новинарите можеа само да ги слушнат нивните ставови, но не и да постават прашање, зашто така предвидувала агендата.
Јас ви благодарам на присуството, сега говорам за претставниците на медиумите, на новинарите. Овде го затвораме отворениот дел на денешнава дискусија и координативна седница. Ќе дадеме кратка пауза, а потоа ќе почне работниот дел којшто ќе биде затворен за јавност, ви благодарам уште еднаш – рече министерот за транспарентност, Поповски.
За Талат Џафери, лажните вести прават штети во општеството кои не можат да се надоместат.
Штетите од лажните вести не можат да се надоместат, бидејќи информацијата е овде и сега, тенденциозно ги дискредитираат личностите и институциите. Токму затоа е потребна борба против дезинформациите и како еден дел од битката, Собранието е секогаш транспарентно за својата работа и секогаш сме отворени кон граѓаните и новинарите – порача претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Шефот на државата, Стево Пендаровски, рече дека дезинформациите се појавуваат на било кој канал за комуникација и веднаш стануваат актуелни во разговорите во нашите семејства, на работните места, училиштата, но најмногу во виртуелниот свет на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.