Одбивав да ги задоволам фрустрациите на градоначалникот на Лозово па добив отказ. Вака пред камерата на „Сител“ сведочи Горанче Велков, кој во претходниот период ја извршувал функцијата директор на основното училиште. Притисоците започнале во јануари лани.

Од страна на градоначанлникот ми беше укажано дека некои луѓе треба да бидат преместени од едно работно место на друго, од едно подрачно во друго подрачно улчилиште, дека со некои луѓе дури треба да си поиграм и нивната судбина да ја земам во свои раце, односно да бидат избркани со цел да бидат задоволени негови лични фрустрации, изјави Велков.

Велков не ги исполнил желбите на градоначалникот, па се соочил со блокади. Општината не ги покривала тековните трошоци за училиштето, а како што вели Велков, градоначачникот спровел и низа контроли – интервенирала и полицијата од оделот за економски и финансиски криминал. Според Велков, проверките не откриле неправилности но сепак во октомври бил разрешен од функцијата.

Целата сторија на „Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.