Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со Дејвид Вилијам Спраул, Генерален директор за Европа и Евроазија во МНР на Канада и Кати Чаба, Амбасадор на Канада во Република Македонија, соопштија од партијата.

На средбата се разговарало за многу теми, политичката состојба, предвремените парламентарни избори во Македонија како и владеење на правото.

Мицкоски на средбата посочи дека се подготвува новата програма на партијата на што главен акцент се става на основната стратешка цел, а тоа е членството во Европската Унија. Новата Влада која што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ има стратегија како да ја стави Македонија на брзата трака за членство во Унијата.

Најголемите проблеми со кои што се соочува денес Република Македонија е криминалот и корупцијата кои станаа секојдневие во државата. Оваа власт наместо граѓаните да ги штити од криминалот тие помогнаа повеќе да се рашири низ земјава, се вели во соопштението од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ напомена по 12-ти април, ќе започне обнова на Република Македонија, каде што повеќе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за отчетност и транспарентност, ќе работи на вистински реформи кои ќе ја доближат Република Македонија поблиску до ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.