Државната изборна комисија попладнево информира дека излезноста на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.

По Изборни Единици: 

Засега, по проценти, најголема излезност е забележана во третата и четвртата единица.

По места, пак, води Новаци, во изборната единица 4, каде на гласање излегле 60.05% од гласачите.

Висок процент на исполнување на гласачкото право е забележан и во Крива Паланка во ИЕ3, каде има излезност од 58.70% и во Крушево од ИЕ5 каде излегле 57.14% од гласачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.