Во морето на навреди кон техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, воедно и првата Еврејка во македонската влада, се приклучи и друга активистка, дункционерката од СДСМ Мерсиха Смаиловиќ.

Во дебата на социјалните мрежи, Смаиловиќ ја повика Мизрахи, наместо знаме на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе има интервјуа да си става давидова ѕвезда – симбол со кој Хитлер и нацистите ги бележеле Евреите пред да ги пратат во контрационите кампови на смртта.

Откако во интервју за „Алфа“, дадено во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, министерката имаше партиски симбол, пракса позната секогаш кај сите кои даваат интервјуа во партиските штабови на своите партии, по што пропагандистите на СДСМ се фрлија на навреди по секој основ на министерката.

Така, Смајловиќ во коментар на министерката ѝ порача:

Да беше давудовата ѕвезда, никому ништо, напиша Смајловиќ, во стилот на саркастичен нацист, воедно правдајќи го албанското знаме во кабинетот на Талат Џафери.

Давидовата ѕвезда првобитно не значела стигматизација, ниту била исклучиво еврејски симбол. И покрај тоа, таа ѕвезда по периодот на националсоцијализмот во Германија е поврзувана со Холокаустот. Евреите по донесувањето на Нирнбершките закони за расите во 1935. биле сѐ повеќе исклучувани од општествениот живот. Тие закони прецизно регулирале кој е полнокрвен Евреин, полуевреин, еврејски мешанец од прв или втор степен или кој важи за Евреин. Мнозинството од тие луѓе подоцна морале да ја носат ѕвездата.

Сопругот на активистката Мерсиха Смаиловиќ, пред неколку години од израелската армија беше уапсен на брод во обид да изврши напад над Израел. Омразата кон Евреите и Израел, очигледно се семејна традиција, која сега се имплементира во власта и владејачката СДСМ која отворено промовира исламизам и антисемитизам.

Иако на социјалните мрежи веќе има многу реакции, ниту еден член од партијата, ниту самата партија официјално не се огради од нецивилизираните напади на пропагандните јуришници на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.