Во употреба е пуштена новоизградената спортска сала за општинското основно училиште „Александар Здравковски“ во селото Јегуновце во истоимената тетовската општина.

На површина од 650 метри квадратни, спортската сала се состои од терен за повеќе спортови, две канцеларии за наставници, две соблекувални за машки и женски ученици и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како кошарка, гимнастика, одбојка и други спортови. Има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците што е од исклучителна важност за комплетниот развој на децата.

За изградбата на оваа спортска сала се искористени 23 милиони денари во рамки на проектот за изградба на 145 спортски сали. Од нив 30 се во средни и 60 во основните училишта веќе изградени, а седум во се во изградба.

Во ова училиште учат околу 220 ученици до деветто одделение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.