Нова измама поврзана со утрешните избори се шири на социјалните мрежи. Голем број на граѓани реагираат дека една од партиити со цел да има голем број неважечки ливчиња бараат од гласачите пред официјалното име на државата да го додадат зборот „Никогаш“.

Немојте да го пречктувате „Северна“ на гласачкото ливче. Наместо тоа, од страна напишете „Никогаш“. Во спротивно, ливчето е неважечко-се наведува во соопштението  .

Слична измама се појави и пред неколку дена.Тогаш се бараше од гласачите да го чкртнат „Северна“ од гласачите. Поради тоа, неколкумина активисти на една од партиите беа повикани на информативен разговор во полицијата.

Затоа, апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на овие манипулации и напоменуваме дека за едно ливче да биде валидно треба да се заокружи само редниот број пред партијата и ништо друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.