Не биле неспособни туку совесни и тоа посовесни од Германците, Американците, Французите, Италијаните, Израелците, Кинезите, Русите и 90% од цивилизираниот свет, ја коментира Богдан Илиевски изјавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека Македонија иако можела, не набавила прва вакцини за да не велат граѓаните „На нас ги тестирате“.

Шекеринска вечерва соопшти дека сме можеле да набавиме вакцини пред неколку месеци, ама ќе се бунел народ бидејќи ќе биле тестирани на нас :)) Кај ни се паднаа бе најсовесните политичари на планетава, упм…, кај ни се падна ваква голема среќа да имаме, како е можно бе да сме вакви ксметлии, та вакви домаќини и доброчинители да не водат…. а не сме свесни за тоа :))) Бре, бре, бре неблагодарен нароооод!!!

РШ, цитат:

„Она што го правевме како држава е да се трудиме да ги добиеме вакцините, без притоа некој да каже дека ние нудиме наше население за тестирање… Оти, вие можете да замислите што ќе се случеше да објавевме пред неколку месеци „еве ќе имаме вакцини, ама кај нас ќе се прават дел од тестовите“… Тоа не го направивме затоа што сакавме да прифатиме практично завршен период на тестирање“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.