Беззаконието и партизацијата во Министерството за одбрана продолжува. На 11 Септември Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска им подели договори за вработување на 70 новопримени војници и веднаш ги унапреди во чин разводник, пишува на неговиот фејсбук профил, Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор, вели тој, за незаконски унапредувања затоа што за да војник биде унапреден во чин разводник мора да помине минимум една година на служба во АРМ.

Ова не е прв случај Шеќеринска да се замеша во струката која не ја разбира и да дели чинови како што тоа на времето го правеше Љубе Бошковски во МВР, пишува пратеникот.

Приемот на војниците од страна на Шеќеринска е врз основа на распишан оглас непосредно пред изборите.

Зошто на овие незаконски унапредувања на војниците кои немаат поминато ни основна војничка обука нема реакција од командантот во чиј состав се војниците, како и од Генералштабот за заштита на професијата од страна на партиското самоволие на Шеќеринска, останува да шпекулираме, констатира Сајкоски.

Нов скандал во Министерство за обрана: Шеќеринска незаконски подели чинови на штотуку примени војници. Беззаконието и…

Gepostet von Ѓорѓија Сајкоски am Mittwoch, 16. September 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.