Порталот „Еуроактив“, кој вообичаено има речиси 100% точни информации поврзани со ЕУ прашањата, тврди дека постои документ во кој Европската унија ќе инсистира Македонија да ги реши проблемите со Бугарија.

Текстот на поранешниот бугарски дипломат, новинарот Георги Готев објавен денеска на „Еурактив“ ги побива тврдењета на владата дека барањата на Бугарија се само од Бугарија, не и од ЕУ и дека се само за внатрешните односи во Софија.

Текстот ви пренесуваме во целост:

„Еуроактив“ имаше можност да ја види нацрт-декларацијата на самитот на ЕУ во средата (6 мај) со лидерите на Западен Балкан, во која се повикува Македонија да најде решение за билатерални спорови при спроведувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Лидерите на ЕУ ќе одржат самит со своите колеги од Западен Балкан во форма на телеконференција. Пред ерупцијата на пандемијата на КОВИД-19, самитот требаше да се одржи во Загреб, под хрватското претседателство, со учество на лидерите на ЕУ 27 и нивните колеги од Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.

Во пресрет на средбата, Бугарија испрати пораки дека не прифаќа „парализа“ на работата на билатералниот комитет за историски прашања со својот помал западен сосед ( Македонија н.з. ), а формиран според Договорот за соседство помеѓу двете земји од февруари 2018 година.

Ако мешовитата комисија за историја не продолжи со работа до јуни и властите во Скопје продолжат да ја фалсификуваат историјата, Бугарија нема да се согласи да започнат претпристапни разговори со Македонија, изјави Андреј Ковачев, член на бугарската партија ГЕРБ.

„Еуроактив“ во вторникот го праша високиот претставник на Советот на ЕУ дали спорот меѓу Софија и Скопје е на радарот на институцијата во контекст на самитот, официјалниот претставник веднаш се осврна на ставот 9 од нацрт-декларацијата.

Во најновиот нацрт на Самитот за Декларација на Западен Балкан, кој датира од понеделникот, лидерите на ЕУ ја повикуваат Македонија да ги реши билатералните прашања и експлицитно се споменува Договорот за соседски односи со Бугарија. Во ставот 9 се вели:

ЕУ целосно ја поддржува заложбата на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на ЕУ. Спроведувањето на билатерални договори со добра волја и со материјални резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, остануваат важни во овој насока.

 

Потребни се понатамошни и одлучувачки напори за помирување и регионална стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови и прашања на партнерите, вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и утврдени принципи, вклучително и Договорот за прашања од сукцесија (на поранешна Југославија).

Еурактив додава:

Под децениско владеење на националистичката ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски (2006-2016), Скопје не правеше обиди за достигнување на европската интеграција и само бараше причини да ги обвини другите, воглавно Грција, за блокирање на европската иднина на земјата.

Доколку оваа политичка сила ( ВМРО-ДПМНЕ н.з. ) ќе победи на следните парламентарни избори во Макеоднија – кои првично беа закажани за 12 април, но беа одложени заради пандемијата на коронавирус – голема е веројатноста земјата да остане блокирана и да ја обвини Бугарија како нејзин главен непријател.

Ваквата политика имплицитно ја поддржува и официјален Белград, кој се плаши дека членството на Скопје во ЕУ ќе помогне да се избегне зафаќањето на Србија, воспоставено во поранешна Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.